Тројца тенисери на кои им е одобрено медицинско изземање од вакцина влегле во Австралија со истата виза што ја имал и Нова Ѓоковиќ, објави „Ројтерс“.
Нивните имиња не се откриени на јавноста. Според објаснувањето на Граничната полиција на Австралија, Ѓоковиќ не ги понудил потребните докази со кои би ги исполнил критериумите за влез во Австралија и дека со тоа визата му е укината.
Откако визата му е одбиена, Новак е префрлен во хотел Парк во Мелбурн, установа опишана како злогласна во која повеќе од година биле сместени затвореници префрлени во Австралија од островите Манус и Наур. Хотелот е еден вид центар за притвор и од 2020 година се користи како хотел за карантин за имигранти.
Ѓоковиќ, заедно со тим адвокати, поднесе тужба на одлуката за забрана на влез во Австралија, а правата борба треба да почне во Федералниот суд.
The visa @DjokerNole was using to gain entry to Australia was the same one used by three other tennis players already granted permission, sources close to Oz Open tell Reuters…
— Ossian Shine (@ossianshine) January 5, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.