Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски втор пат за помалку од една седмица го подобри националниот рекорд во скок во далечина, прескокнувајќи денеска на митинг во Грција 7.60 метри.
Трајковски на Меѓународниот атлетски митинг во Александрија во првата серија прескокна 7.60 метри со што го освои третото место и постави нов македонски рекорд.
Резултатот е за 19 сантиметри подобро постигнување од стариот македонски рекорд кој Трајковски го собори минатата среда кога на Меѓународниот митинг во Лимасол прескокна 7.41 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.