Муса Јамак, германскиот боксер со турско потекло, починал во саботата откако колабирал во рингот во грачето Гархинг во близината на Минхен, јавуваат германските медиуми.

Јамак, кој имал 8-0 скор со осум нокаути како професионалец, боксува со Хамза Вандера од Уганда, се обиде да се врати во рингот на стартот на третата рунда, по што ја загуби свеста. Според германската полиција, првата помош имала проблем да стигне до арената поради гужвата пред салата.

38-годишниот Јамак стана професионалец во 2017 година, а минатиот ноември го освои интернационалниот ВБФ појас во средно-тепка категорија, победувајќи го Белорусинот Сиерхај Хулијакевич.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.