Натпреварувачите од таеквондо клубот „Бутел“ се најуспешни на традиционалниот меѓународен турнир „Корио Опен“, што овој викенд по четврти пат се одржа во Скопје.

Во конкуренција на 300 ученици, таеквондистите на Бутел го освоија првото место со 142 бодови, пред ТК „Младост“ (102) и ТК „Корио“ (63).

„Корио Опен 2023) беше отворен вчера со поздравни обраќања на градоначалниците на скопските општини Кисела Вода и Бутел, Орце Георгиевски и Дарко Костовски.

Претседателот на македонската таеквондо Федерација Борче Костовски изрази задоволство од одличната организација и истакна дека „македонското олимписко таеквондо ќе продолжи да биде носечки спорт во Макеонија“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.