Дејан Георгиевски (+87 кг) освои златен медал Меѓународниот таеквондо турнир „Скопје опен Ремус“ од Г1 серија.

Георгиевски до златото елиминира двајца борци од Франција. Во финалето славеше против Ел Омар Јазиди од Франција, повеќекратен медалист од отворени турнири и европски првенства.

На „Скопје опен“ Г1, еден од најсилните теквондо турнири во Европа, се натпреваруваа 800 борци од 40 држави и 220 клубови. Македонската таеквондо федерација и Таеквондо клуб Бутел организираа светки настан во олимписки спорт кој е дел од официјалниот календар на Светската теквондо асоцијација!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.