Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби казна од 8.000 долари од страна на организаторите на тенискиот турнир Вимблдон.
Ноле е санкциониран за удирањето на рекетот од стативата за време на финалето против Карлос Алкараз. Инцидентот се случи на крајот од мечот, кога Ѓоковиќ направи грешка, по што стануваше сè понервозен и на крајот од бес по еден загубен поен со сета сила го скрши рекетот.
Пресудата на на Вимблдон е кратка и јасна и гласи: „Злоупотреба на рекет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.