Експлозија и огромен облак од чад се појавија во близина на тркачката патека во Џеда, каде што треба да се одржи трката од Светскиот шампионат во Формула 1 во Саудиска Арабија.

Очекуваме повеќе информации од властите за тоа што се случи – соопшти управата на Формула 1.

Непосредно пред инцидентот, тркачите го одржаа првиот тренинг пред неделната втора трка од сезоната.

Јеменските бунтовници ја презедоа одговорноста за ракетниот напад врз нафтената постројка „Арамко“ во близина на патеката.

Експлозијата можеше да се слушне на првиот тренинг, пред да избие пожарот, а пожарот го забележаа и камерите додека во живо ги прикажуваа последните минути од тренингот.

Саудиска Арабија вообичаено се смета за прилично безбедна во споредба со другите земји во регионот, но и таму имало повеќе терористички напади.

Овој последен инцидент дополнително ќе го зголеми притисокот врз шефовите на Ф1 да преземат акција, а трката во Саудиска Арабија веќе предизвикува многу контроверзии поради состојбата со човековите права во земјата и законите против хомосексуалците.

 

Победникот на првата трка од новата сезона во Формула 1, монегаски Шарл Леклер во Ферари постигна најдобро време на првиот тренинг. Леклер постигна време од 1:30.772, втор беше актуелниот светски шампион Холанѓанецот Макс Верстапен во Ред Бул (1:30.888), додека трет беше Финецот Валтери Ботас во Alfa Romeo-Ferrari (1:31.084). Седумкратниот британски светски шампион Луис Хамилтон во Мерцедес беше само деветти.

Леклерк ја отвори сезоната минатиот викенд со победа на патеката Сахир во Бахреин. Одличен ден за Ферари заврши Карлос Саинц кој заврши втор, а на подиумот се искачи и Британецот Луис Хамилтон во Мерцедес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.