Канадскиот тенисер Денис Шаповалов не можеше да се помири со поразот од Рафаел Надал во четвртфиналето на Австралија Опен.
Канаѓанецот протестираше за време на мечот со судијата поради однесувањето на Надал, а по мечот го обвини Шпанецот дека ги користел привилегиите на неговото име за време на мечот.
Таа изјава ги натера тениските фанови да се навратат на изјавите на Шаповалов во врска со Новак Ѓоковиќ и да ја увидат разликата во однесувањето на двајцата врвни тенисери.
„Надал има посебен третман само затоа што Надал . 100 проценти e така. Ваквите долги паузи според новите правила веќе не се можни. На другите натпревари моравме да бегаме на теренот бидејќи судиите направија се што ни направија. А денес? “, збесна Шаповалов по мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.