Македонскиот одбојкарски тренер, Јошко Миленкоски е нов селектор на репрезентацијата на Црна Гора. Управниот одбор на одбојкарската федерација на Црна Гора на денешната седница едногласно го избра македонскиот стратег за селекторската функција.

Миленкоски е поранешен тренер на Будванска ривијера, а сега е на клупата на Фоникс Сирос во Грција. Пред само еден месец, македонскиот стратег го предводеше Фоникс Сирос до освојување на Супер купот во Грција.

Јошко има богата тренерска кариера. Беше селектор на Македонија од 1997 до 2008 година, а ја има предводено и турската репрезентација во 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.