Шорцот што го носеше боксерот Мухамед Али во познатата борба „Трилер во Манила“ против Џо Фрејзер ќе се најде на аукција следната недела и се очекува да достигне цена од повеќе од шест милиони долари.
Белиот сатенски шорцот ќе биде ставен на продажба од реномираната аукциска куќа Сотби в четврток, а понудата веќе достигна 3,8 милиони долари, јави Би-би-си.
Аукцијата во филијалата на Сотби во Њујорк ќе трае до 12 април.
Легендарната борба „Трилер во Манила“ се одржа во октомври 1975 година во главниот град на Филипините и е една од најважните борби во историјата на боксот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.