Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички го назначи својот поранешен играч Горан Самарџиев за нов тренер на местото на Димитар Мираковски.

Самарџиев (42) се враќа во Работнички по тренерскиот ангажман во словачкиот прволигаш Комарно, каде што пред две недели ја раскина соработката.

Самарџиев во минатото го предводеше Еуро Никел со кој дојде до финалето во плејофот во сезоната 2020/21.

Работнички сезонава имаше неуспешен настап на домашен терен во квалификациите во ФИБА Еврокупот, а во домашното првенство има ефект од три победи и два порази по воведните пет кола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.