Mашката хокеарска репрезентација на Русијапротив Финска ќе ја брани титулата олимписки првак во финалето на Зимските олимписки игри во Пекинг. За место во финалето, Русите се изборија со победа против Шведска на пенали. Во регуларниот дел од натпреварот резултатот беше 1:1.

Во неизвесен и тензичен натпревар, Русија поведе преку Антон Слепишев, на самиот старт на втората третиина, а Шведска израмни со голот на Антон Ландер, во последниот дел.

Решавачкиот гол за Русите во пенал серијата го постигна Арсени Гричук.

Противник на актуелниот олимписки шампион в недела ќе биде Финска, која во првото полуфинале ја совлада Словачка со 2-0.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.