Русија денеска го обвини Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) за „расизам и неонацизам“, откако Комитетот вчера објави нови ограничувања за руските спортисти кои ќе се натпреваруваат на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз оваа година.

ИОК вчера ја обвини Русија дека го политизира спортот со планираните Игри на пријателство во Москва, кои се замислени како ривалски настан на ЛОИ.

Покрај тоа, ИОК вчера соопшти дека руските и белоруските спортисти кои ќе учествуваат на Олимписките игри нема да смеат да маршираат на свеченото отворање на 26 јули.

Овие одлуки покажуваат до кој степен ИОК е оддалечен од принципите, за кои тврди дека се придржува и како тоне во расизам и неонацизам, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Кремљ денеска го обвини ИОК дека се обидува да ги заплаши спортистите кои сакаат да учествуваат на Игрите на пријателство, бидејќи висок претставник на ИОК изјави дека не ја исклучува можноста за санкции против тие спортисти.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.