Белоруската тенисерка Арина Сабаленка доживеа страшен удар, откако нејзиното момче Константин Колцов се самоуби, скокајќи од балконот на хотелот во Мајами во кој престојувал.

Сабаленка по оваа трагедија не се огласи на социјалните мрежи, а многумина се прашуваа што ќе прави по таквата трагедија и дали ќе се повлече од турнирот, но таа реши да игра, со што шокираше многумина. Со таквиот потег „тигрицата“ од Белорусија, како што ја нарекуваат двократната шампионка на Австралија опен, покажа колку е психички силна.

Сега на социјалните мрежи се појави и првото видео од Белорусинката која тренира и се подготвува за стартот на турнирот на кој е втора носителка.

Многумина ја осудуваат што одлучила да игра и се однесува како ништо да не се случило и покрај тоа што изгубила важна личност во животот, додека други сметаат дека тенисот и е поважен сега од кога било и дека веројатно во него може да побара излез од оваа тешка ситуација.

Сабаленка и Колцов беа во врска од 2021 година, откако тој во 2020 година се разведе од поранешната сопруга Јулија, со која имаше три деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.