Новата тартан гумирана атлетска патика на Градскиот стадион во Пробиштип е завршена во рамки на заложбите на Општината за вложување во инфраструктура за обезбедување на услови за развој на спортот во градот.

Градскиот стадион полека го добива потребниот изглед. Многу наскоро следува и поставување на нови седишта на трибините.  Дополнително кон ова општината води разговори со приватниот сектор за финансирање и поддршка на фудбалскиот клуб Рудар за да го вратиме во лигата којашто доликува на овој фудбалски клуб, изјави градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

Проектот за изградба на атлетската патека е финансиран од страна на Агенцијата за млади и спорт и Општина Пробиштип. вдј/сп/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.