Британските медиуми соопштија дека принцезата Кејт Мидлтон утре ќе се појави на централниот терен на Вимблдон и во живо ќе го следи финалето меѓу Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ.

Планирано е да го додели пехарот на новиот шампион на овој турнир, еден од најпрестижните во историјата на тенисот. Присуството на финалето веќе го потврди Кенсингтонската палата во официјално соопштение.

Финалниот меч на Вимблдон меѓу Алкараз и Ѓоковиќ се игра утре од 15 часот по средноевропско време, а титулата ја брани шпанскиот тенисер.

Принцезата Кејт закрепнува од борбата со карцином и во изминатиот период искличително ретко се појавуваше во јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.