Во периодот од 9 до 15 јули во Хотел „Далјан“ во Охрид, екипата на ГОК Борец традиционално го органзира нивниот летен камп. Како што најавуваат организаторите, станува збор за масовен настан (учествуваат околу 100 деца) со меѓународен карактер.

На кампот гостуваат деца на Македонци вработени во Австрија, САД, Данска и Финска, коишто лани гледале слики од кампот и решиле годинава да бидат дел од случувањето.

Пресреќна сум од целокупната атмосфера на кампот. Имаме деца на наши иселеници од повеќе држави, така што кампот има интернационален карактер. Покрај тренинзите, во вечерните часови организираме забави во хотелот и прошетки низ македонскиот бисер Охрид“- за “Одбојка.мк“, истакнува преседателката на клубот и еден од тренерите на кампот, Весна Николова.

Покрај Николова, како тренери работат уште Петре Жабев, Дејан Гиновски и Дарко Николов.

Во четврток, пак, своето искуство во кариерата на идните одбојкари и одбојкарки ќе им го пренесе Роман Волков.

Фото: Одбојка.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.