При пресоблекувањето на теренот, на градите на Новак е забележан необичен детаљ кој многумина ги заинтригира и веднаш ја разгоре фантазијата на бројните теоретичари на заговор кои едноставно не можат да поверуваат дека обичен човек на таа возраст може да биде толку доминантен.
Тоа е метална плочка која се користи во спортот како форма на терапија, односно против болка.

Креатор на овој уред е италијанскиот биоинженер Фабио Фонтана. Тој го создаде „Taopatch“ во 2013 година по долго проучување на штетните ефекти што електромагнетното загадување ги има врз здравјето на човечкото тело.

На европскиот пазар, Taopatch е класифициран како медицински уред од прва класа и неговата цена е околу 350 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.