Рафаел Надал не се откажува и се обидува да се врати на тенисот по долгата пауза. Шпанецот имаше кам-бек на турнирот во Бризбејн каде што имаше и солидни изданија, но потоа повторно се појавија проблемите со повреда, па не можеше да настапи на Австралија Опен. Но, за среќа не станувало збор за ништо сериозно и Надал веќе тренира и се очекува да настапи на АТП турнирот од серијата 250 во Доха кој ќе се игра од 19-ти до 24-ти февруари

Во месец март дефинитивно ќе биде дел од Мастерсот во Индијан Велс. Организаторите потврдија дека Шпанецот е во конкуренција за настап.

„Трикратниот шампион Рафаел Надал се враќа за својот 16-ти настап во тенискиот рај“, стои во објавата на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.