Младиот пливачки херој Марко Пејчиновски утринава успеа да преплува неверојатни 64 километри во Охридското езеро, а охриѓани го пречекаа на пристаништето, пишува ОхридПрес.
По повод празникот Голема Богородица тој вчера во 11 часот и 56 минути тргна на пат од Охрид кон Струга, па до Свети Наум. Со ова, Марко ги исполни ветувањето дека десет пати ќе го преплива езерото. Летово тој вкупно испливал околу 250 километри.
Претходното, деветто од десетте препливувања ова лето, беше на релација Градиште-Трпејца-Охрид, со должина од 20 километри. Пред тоа, Марко успешно ја преплива релација Заум-Охрид, на патека со должина од 18 километри. Една недела пред тоа, тој го оствари седмиот подвиг кога ја преплива релацијата Радожда-Трпејца-Градиште, само седум дена откако успешно ја преплива релацијата Струга-Градиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.