Најголемата и најпозната трка за натпреварувачките од понежниот пол во земјата, Авицена Женска трка, на 09 април 2023 (недела) ќе го оддржи своето единаесетото издание во организација на Сојузот на спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт. Оваа трка ги поттикнува учесничките на здрав животен стил и негување здрави навики, па затоа секое ново издание бројот на тркачки на стартната линија се зголемува.
Денес, (02.02.2022) во 12:00 часот и официјално започнуваат пријавите за оваа три километарска трка, а секоја заинтересирана има можност да се пријави најдоцна до 4 април 2023. Котизацијата до 08 март 2023 ќе изнесува 300 денари, а до 04 април 2023 ќе изнесува 350 денари. При регистрација секоја спортска ентузијастка ќе може да си купи драј фит маица со логото на трката како дополнителен продукт. Цената на маицата изнесува 500 денари и истата ќе може најдоцна да се купи до 10 март 2023 година.
Пријавувањето и регистрацијата за Авицена Женска трка 2023, секоја натпреварувачка ќе може да го направи истото преку официјалната веб страница на Авицена Женска трка www.zenskatrka.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.