Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на денес објавената АТП ранг-листа има пад за 12 позиции и се наоѓа на 341. место со 149 поени. Падот се должи на фактот што Ивановски има и 8 поени помалку од претходната недела.

Горазд Србљак има скок за две места и се наоѓа на 1065. место со 10 поени, додека Обрад Марковски има пад за 160 позиции и е рангиран на 1605. место со два поена, или еден помалку од претходно.

Скок за едно место за Ѓорческа и настап на турнир во Анталија.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се наоѓа на 242. место на ВТА листата, што е скок за една позиција во однос на претходната недела. Таа има 312 поени



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.