Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на рангирањето по завршувањето на Австралија опен има пад од три места и сега се наоѓа на 329. место на АТП ранг-листата со 157 поени или два помалку од претходното рангирање пред две недели.

Горазд Србљак има пад за 10 места со истиот број поени (10) и се наоѓа на 1067. место, додека Обрад Марковски има скок за 10 места со три поени и е рангиран на 1445. место.

На првите пет позиции се Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз, Данил Медведев, Јаник Синер и Андреј Рубљов.

Во женска конкуренција, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по настапот во Мелбурн во квалификациите на Австралија опен се наоѓа на 243. место со 312 поени. Таа за учеството во квалификациите на Гренд слем турнирот – 1. коло освои два поена. Втората македонска тенисерка која има ранг на ВТА-листата, Магдалена Стоилковска нема промени во рангирањето и поените со 9 поени се наоѓа на 1216. место



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.