Француски „Л’Екип“ објави доверливи информации за операцијата на Новак Ѓоковиќ. Нему му бил  изваден менискусот, но дека се работи за рутинска операција.

Тој наводно поминал само 15 минути на операционата маса, а операцијата ја извршил доктор Антоан Геромета.

 

“Србинот имаше мала операција во Париз и се надева дека ќе се врати на теренот што е можно поскоро. Овој пат не чекаше долго. Додека минатиот пат чекаше две години на операција на лактот во 2018 година. Новак Ѓоковиќ, кој не сака никаква хируршки интервенции,му даде зелено светло на д-р Антоан Геромета, хирург ортопед од Париската спортска клиника, вчера да му изврши артроскопија на десното колено по повредата што ја заработи на мечот со Франциско Серудола. беше неопходно да се отстрани прилично голем менискус“, се наведува во текстот на „Л’Екип“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.