Одложен е боксерскиот меч меѓу поранешниот апсолутен светски шампион Мајк Тајсон (САД) и неговиот сонародник, блогерот Џејк Пол, соопштија од компанијата „Мост Валјубл Промоушнс“ која е организатор на борбата. Дуелот требаше да се одржи на 20 јули во Вашингтон.
-За жал, долгоочекуваната борба помеѓу Пол и Тајсон ќе биде одложена. По консултација со лекарите на Тајсон, му беше препорачано да прави минимална физичка активност неколку недели, по што ќе може да продолжи со целосни тренинзи. Двајцата дојдоа до заклучок дека им треба рамноправен терен за да влезат во борба во добра форма, се вели во соопштението.
Новиот термин на натпреварот ќе биде објавен на 7 јуни. Борбата треба да се одржи кон крајот на оваа година.
Пред неколку дена се дозна дека здравствената состојба на Тајсон се влошила за време на лет и дека му е потребна лекарска помош. Подоцна, претставник на боксерот изјави за медиумите дека здравјето на спортистот е добро.
Тајсон, кој на 30 јуни ќе наполни 58 години, има 50 победи (44 со нокаут) и 6 порази во професионалниот ринг. Американецот стана апсолутен светски шампион во тешка категорија и беше сопственик на појасите на Светскиот боксерски совет, Светската боксерска асоцијација и Меѓународната боксерска федерација.
Рекордот на 26-годишниот Пол вклучува девет победи (шест со нокаут), еден пораз. Во професионалниот ринг се натпреварува од јануари 2020 година. Американецот е познат пред се како блогер и актер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.