Поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон нема да биде обвинет за инцидентот во авионот минатиот месец, кога тепаше еден досаден фан, потврди обвинителството во Сан Матео, Калифорнија.

„Го разгледавме извештајот на полицијата на Сан Франциско и Сан Матео и различните видео-докази и одлучивме дека нема да има обвинение против господинот Тајсон поради условите под кои дојде до конфронтацијата. Тука го вклучуваме однесувањето на жртвата пред инцидентот, разговорот со Тајсон, како барањето на двајцата да нема обвинение“, се вели во објавата.

Тајсон тврдеше дека се соочил со „агресивен патник“ кој почнал да го малтретира и фрлил со шише вода кон него пред летот од Сан Франциско до Форт Лодердејл, Флорида. Двајцата беа приведени од полицијата, а потоа пуштени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.