Вториот тенисер на планетата, Карлос Алкараз, го откажа учеството на Мастерсот во Монте Карло следната недела, а како причина ја наведе „физичката непријатност“.

По Рафаел Надал, кој исто така го откажа учеството, истото го направи и неговиот млад сонародник.

„После два месеци поминати во странство, среќен сум што се вратив дома, но во исто време сум и тажен бидејќи последниот меч во Мајами го завршив со одредена физичка непријатност. По посетата на мојот лекар во Мурсија, каде што направив преглед Нема да можам да отпатувам во Монте Карло и да се натпреварувам на турнирот. Имам посттрауматски артритис на левата рака и непријатност во мускулите на ‘рбетот што бара одмор за се да дојде, се гледаме во Монако во 2024 година напиша Алкараз .

Тоа значи дека Новак Ѓоковиќ ќе има многу полесен пат до трофејот и новите 1.000 бодови во Монте Карло  од 8-16. април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.