Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе викендот забележа победа на почетокот на новата сезона во Европскиот шампионат на ридски патеки.

Голема победа на голем празник! Само еден може да биде број 1, напиша Стефановски на својот профил на Фејсбук.

Стефановски со своето Хјундаи во Франција го освои првото место во првата трка со време од 2:46:838.

Во Генералниот поредок Македонецот е трет по лидерот Николас Вервер од Франција и Италијанецот Лука Гаетани, двајцата со возила на Порше.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.