Срцето на мајката на холандскиот мотоциклист Виктор Стиман (22), кој загина во тешкиот удар на трката во Португалија пред два дена, не ја издржало големата загуба. 59-годишната Флора Ван Лимбек починала во четвртокот навечер како последица од срцев удар во својот дом во Латхум, објавија холандските медиуми.
На трката „FIM Supersport 300 World Championship“ во португалскиот Алгарве, Стиман беше еден од многуте кои настрадаа во сударот во свиокот број 14, по што веднаш бил пренесен во болница.

За жал, младиот Холанѓанец бил примен во болница со тешки повреди на главата и како последица на падот почина по два дена.

По смртта на Стиман, неговото семејство се одлучило на потег вреден за пофалба – ги донирало неговите органи и на тој начин спасило пет лица, но срцето на неговата мајка не можело да ја издржи трагедијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.