Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на третиот овосезонски Грен слем, Вимблдон.

Српскиот тенисер денес требаше да се сретне со Алекс де Минор, во рамки од четвртфиналето, но без борба се пласира меѓу четирите најдобри тенисери на турнирот.

Алекс де Минор кој се пожали на повреда на зглобот по победата во претходното коло, реши да го предаде мечот против Новак без да излезе на теренот.

Српскиот ас во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Тејлор Фриц и Лоренцо Музети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.