Норвешкиот тенисер Каспер Руд, ќе му биде противник на Рафаел Надал во финалето на Ролан Гарос, откако во полуфиналето го победи Хрватот Марин Чилиќ со 3:1, по сетови (3:6, 6:4, 6:2, 6:2). Мечот траеше безмалку три часа.

Руд кој е осми на АТП ранг-листата стигна до првото Грен слем финале во својата професионална кариера. Дваесет и тригодишниот тенисер, петходно најзначајното достигнување го имаше со пласманот во 4. коло на Австралија опен во 2021 година.

Денеска во 15 часот, во Париз ќе се игра женското финале во кое ќе се соочат Ига Швјонтек од Полска и Коко Гауф од САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.