Германскиот тенисер Александар Зверев тешко се повреди во полуфиналето на Ролан Гарос на мечот против Шпанецот рафаел Надал.

Во финишот на вториот сет, Зверев се лизна, по што само се струполи на теренот и во солзи во инвалидска количка беше однесен од теренот.

Целиот стадион, вклучително и Надал, остана во шок, додека врисоците и офкањата на Германецот одекнаа низ стадионот.

Германецот набрзо се врати на теренот со патерици со свиткана нога, која можеби дури е и скршена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.