Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја коментираше одлуката на американските власти да му забранат влез во САД на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, затоа што не е вакциниран против корона вирусот.

Таквата одлука ќе го оневозможи српскиот тенисер да настапи на претстојниот грен-слем турнир ЈуЕс Опен во Њујорк.

Жал ми е поради тоа што Новак Ѓоковиќ нема да настапи, тоа донекаде сите и го знаевме. Штета е што тука нема да биде еден од најдобрите играчи во историјата, но спортот е поголем од кој било од нас – изјави Надал во Њујорк.

Надал ги потсети новинарите дека и самиот тој во минатото пропуштал големи турнири поради повреди.

Минатата година не бев тука. Ниту пред две години. Но, тенисот продолжува. Тенисот ќе продолжи да се игра и по мене, Новак и Роже Федерер. Новак е еден од најважните играчи во последните 20 години во историјата на нашиот спорт и лично ми е жал што не можеше да допатува тука – истакна шпанскиот тенисер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.