Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, објави дека ќе им се врати на натпреварувањата и ќе настапи на турнирот Бризбејн Интернешнл, што се одржува јануари и служи како загревање за Австралија Опен.
Освојувачот на 22 грен-слем титули последен пат се појави на тениските терени во јануари годинава кога се откажа во второто коло поради проблеми со колкот.
По една година отсуство од натпреварувањата, време е да се вратам. Ќе бидам во Бризбејн, првата недела од јануари. Се гледаме таму“, порача Надал во видео објавено на социјалните мрежи.
Надал претходно изрази желба уште еднаш да настапи на Ролан Гарос и да ја претставува Шпанија на Олимписките игри во Париз идната година пред да се повлече на крајот на својата 23. сезона во професионалниот тенис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.