Рафаел Надал не можеше да ја избегне приказната за Новак Ѓоковиќ ниту по убедливата победа во првото коло на Австралија Опен. Шпанецот го „почисти“ Маркос Жирона од теренот, а потоа наиде на нови прашања од новинарите во врска со Новак Ѓоковиќ и ситуацијата низ која помина.

Надал изјави дека ќе биде „подобро за сите“ Новак Ѓоковиќ да игра на Австралија опен и дека верува дека најдобриот светски играч „не е единствениот“ што направил грешки во својата сага за депортација.

Но, тој порача и дека никогаш нема да биде против она што го вели правдата откако Федералниот суд на Австралија ја потврди одлуката на министерот за имиграција, Алекс Хок, за укинување на визата за српскиот тенисер.

Пред една недела, кога го доби првиот спор, реков дека правдата си го кажа своето. Тие вчера кажаа нешто друго, а јас никогаш нема да одам против правдата.

 

Втората работа е во што јас лично верувам. Идеална ситуација во светот на спортот е кога најдобрите играат на најважните натпреварувања. Без сомнение е подобро за спорт. Ако Ѓоковиќ игра тука, ќе биде подобро за сите, нема сомнеж. Се случи уште една работа и не можам да кажам ништо бидејќи ситуацијата сега е многу јасна.

Прашан за односот со Ѓоковиќ, Надал му посака се најдобро на српскиот тенисер и истакна дека целата ситуација била „хаотична“.

Не е единствениот кој згреши во овој случај. Секако дека има повеќе одговорни за оваа страшна ситуација со која се соочуваме последните две недели. Сепак, тој е еден од одговорните. Лично, би сакал да го видам да игра овде. Дали е фер или не што не игра е друга работа за која не сакам повеќе да зборувам – заврши Надал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.