Освојувачот на годинешниот Австралија Опен, Рафаел Надал, изјави дека би било добро најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ да се врати на големите турнири.

Без разлика дали е вакциниран или не, би било добро Ѓоковиќ повторно да игра на грен-слем турнирите. Ако може да игра без вакцинација, тој е добредојден – изјави Надал во Акапулко, каде што шпанскиот тенисер неделава ќе настапи на АТП турнир.

Својот прв дуел во 2022 година, Ѓоковиќ го одигра против Италијанецот Лоренцо Музети во првото коло на турнирот во Дубаи. Српскиот тенисер славеше со 2:0 во сетови (6:3, 6:3).

Српскиот тенисер претходно изјави дека нема да се вакцинира дури и ако тоа значи дека мора да го откаже учеството на преостанатите три грен-слем турнири оваа година, откако минатиот месец добри забрана за настап на Австралија Опен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.