Неколку области во Пекинг се ставени под карантин откако беа регистрирани 20 случаи на коронавирус во еден ден, што е најголем број од јуни 2020 година.

Жителите на Пекинг масовно се испраќаат на тестирање. „Локдаунот“ е воведен во областа околу еден од хотелите каде што престојуваат новинарите. На оваа улица има постојана редица од локалното население за тестирање.

Олимпијадата во Пекинг официјално се отвора на 4 февруари, а првите натпревари започнуваат два дена претходно.

Во кинеската престолнина се воведени строги безбедносни мерки, маски мора да се носат дури и на улица



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.