50-километарката трка во машката конкуренција во крос-кантри скијање на овогодинешната Олимпијада во Пекинг беше скратена на 30 километри, но тоа не помогна многу на Финецот Реми Линдхолм, на кого му требаше топлач на крајот на трката за да одмрзне еден особено чувствителен дел од телото, пишува „Њујорк пост“. Линдхолм ја мина патеката за помалку од еден час и 16 минути, борејќи се со многу силен и студен ветер, поради што неговиот пенис се замрзна по вторпат. Сличен „инцидент“ доживеал пред само неколку месеци во Рука, Финска.

Можете да погодите кој дел од телото беше малку замрзнат кога завршив… ова беше еден од најлошите натпревари на кои сум бил, изјави тој за финските медиуми, додавајќи дека било гола борба само да се помине.

Линдхолм објасни дека користел топлинско пакување за да се обиде да го одмрзне пенисот откако трката заврши.

Кога деловите од телото почнаа да се загреваат по финишот, болката беше неподнослива, додаде тој.

Бидејќи организаторите беа загрижени дека ќе има смрзнатини кај скијачите на трката, таа беше одложена за еден час и скратена за 20 километри. Тенките костуми и долните слоеви што ги носеа тркачите, како и наслагите за покривање на лицата и ушите, беа мала заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.