Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсоски призна дека има грешка со ваучерот за Дејан Георгеивски, кој освои сребрен медал на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио и најави дека на седница на Влада ќе се преиспита одлуката.
Георгиевски ѝ покрај историскиот успех не доби најголем ваучер од државата за оваа 2022 година.
Георгиевски доби 350.000 денари државна помош преку ваучерскиот систем кој функционира веќе неколку години, но не е најголем кај поединечните спортисти, па оваа одлука наиде на жестоки реакции и во јавноста, но и кај самиот олимпиец, кој денеска посочи дека ова е омаловажување на олимпиското сребро и големиот успех.
За тој случај (со Герогиевски – н.з.) мислам дека станува збор за грешка. Во понеделник ќе има владина комисија и ќе бидат разјаснети сите недоразбирања. Такво нешто се случи и минатата година и верувам дека се ќе биде во ред, рече Мојсоски за „Фокус“.
Георгиевски освои сребро во Токио во таеквондо остварувајќи го најголемиот успех за македонскиот спорт, што е само втор медал од најголемите спортски настани по цели две децении од бронзата на Могамед Ибрагимов во борење во Сиднеј во 2000 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.