Денеска со соопштение се јави Наумче Мојсоски кој ги отфрли сите обвинувања и се понуди за соработка со надлежните институции.

Агенцијата за млади и спорт сака да ја информира јавноста дека информациите изнесени од страна на членови на Државната комисија за спречување на корупција поврзани со даночното ослободување на спортските субјекти, преку т.н. ваучер систем, се тенденциозни и целосно неточни, се вели во соопштението.

Сакаме да потенцираме дека и на јавната седница на ДКСК, но и преку тенденциозни соопштенија на одредени спортски институции инспирирани единствено од лукративни цели, се изнесоа еден куп невистини и погрешно утврдени факти за примената на Законот за спорт и подзаконските акти кои се однесуваат во делот на даночните олеснувања, а се во функција на финансиска поддршка на македонскиот спортски систем“.

Тука пред се укажуваме на јваното обраќање, исполнето со грст невистини од страна на претседателот на МОК г-дин Даниел Димевски, кој „случајно“ коинцидира со денот на одржување на седницата на ДКСК. Имено господинот Димевски јавно побара разрешување во АМС и итно замрзнување на постапката за доделување на спортски ваучери. При тоа ова е побарано од човекот кој е идејниот творец и креатор на системот на спортски ваучери, човекот кој во 2020 година кумулира две функции Претседател на централната комисија за доделување на спортски ваучери, член на управниот одбор на МОК, а подоцна и негов претседател, и во исто време човек кој истата таа 2020 година побарува износ од 15 милиони денари за МОК иако требало како претседател да биде свесен дека таа институција во тој момент не ги исполнува законските услови за регулирана спортска дејност“.

 Очекуваме дека надлежните институции во најкраток можен рок ќе се прозинесат за обвинувањата на ДКСК со цел јавноста да има целосен увид во работата на АМС. Истовремено најавуваме дека АМС е целосно отворена за соработка со сите надлежни институции“, стои во дел од соопштението на Мојсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.