10 години откако легендарниот возач Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа на скијање во Франција, најверојатно веќе седи на столче. Јавноста не добива многу информации за состојбата на Шумахер, освен дека по несреќата се наоѓаше во кома околу шест месеци.

Новини за неговата состојба доаѓаат од Џони Херберт, кој откри нови детали кои досега не беа познати.

„Добиваме информации од втора рака.Знам да прочитам меѓу редови. Не сме слушнале многу детали од семејството и тоа е разбирливо. Сите би сакале да знаеме дали работите се движат во позитивна насока. Слушнав дека Шумахер седи на столче кога вечера, но не знам дали тоа е вистина“, вели Херберт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.