Без најдобриот наш одбојкар Никола Ѓорѓиев, македонската одбојкарска репрезентација не можеше ништо повеќе од пораз во три сета од Холандија (19-25, 19-25, 16-25), но без оглед на поразот, избраниците на Јошко Миленковски одиграа машки против големиот фаворит и најавија дека утревечер со подготвениот свој капитен може да ја победат Чешка за трето место во групата.
Македонија која веќе го оствари зацртаното и избори историско осминафинале покажа и многу повеќе од очекуваното откако остана без својот најдобар играч, па посебно радува карактерот и камбекот во вториот сет кога на сервис на Александар Љафтов, црвено-жолтите направија серија од 7-0, за веќе загубениот втор сет да го претворат во неизвесна завршница.
Кај Холанѓаните Абдел-Азиз заврши со 15 поени, додека Љавтов кај нас имаше 14.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.