На почетокот на март беше објавено дека легендарниот Мајк Тајсон ќе се соочи со Џејк Пол на 20 јули во рингот на стадионот „АТТ и Т“ во Арлингтон, Тексас.

Борбата меѓу 27-годишниот Јутјубер и 57-годишниот поранешен светски шампион во бокс ќе се емитува на платформата „Нетфликс“.

Се уште не е јасно каква точно ќе биде регулативата и колку рунди ќе се борат двајцата.

Тајсон објави видео на тренинг со експертот Рафаел Кордеиро и напиша: „Прв ден е, забавата штотуку започна“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.