Легендарниот боксер Мајк Тајсон (55) беше дел од тежок инцидент во авион. Тајсон бил изнервиран од еден од патниците кој со своето однесување ги преминал сите граници, па славниот боксер решил да реагира.

„Железниот“ Мајк се свртел кон момчето што го малтретирало, а потоа му задал неколку удари, пишува „ТМЗ“.

Тајсон бил многу добро расположен пред летот. Се фотографирал со момците, но тие потоа почнале да се исмејуваат со познатиот шампион. Ова особено важело за дечкото кое седело зад Мајк и ги преминало сите граници.

Шампионот решил да реагира. Се свртел и му дал две-три шлаканици на момчето, кое потоа ги покажа трагите од ударите во главата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.