Интересно беше на теренот во Битола каде ракометарите на Вардар направија голем исчекор кон нова шампионска титула против Еурофарм-Пелистер но возбудливо беше и на трибините каде дојде и до близок контакт меѓу стотина скопски навувачи и обезбедувањето.
Во делот од салата каде што беа сместени навивачите на РК Вардар, Комитите, беа објавени два сета транспаренти чии пораки се однесуваа на клубот отворен во Битола во чест на фашистичкиот соработник Иван Михајлов а беа упатени кон навивачката група Чкембари.

Уште пред 20 години го уништивме Радко а сега вие како пич.. спиете слатко, преку транспарент им порачаа Комитите на Чкембарите.

На друг помал транспрент Комитите објавуваат насловна страница од венскиот Вест со наслов ,,Не дозволуваме во Скопје да не прават Бугари”.

Радко е прекарот на Иван Михајлов чии поддржувачи пред две децении за време на прослава на местото на убиството на Мара Бунева беа нападнати од Комитите.
На вториот транспарент навивачите на Вардар на своите колеги од Битола користејќи стихови од популарна бугарска песна, им порачаа: ,,Не сте безгрешни но сте истински”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.