Македонскиот кик-бокс слави два медала од Европското првенство во турскиот град Анталија, каде што Бобан Илиоски се закити со злато, а Викторија Варадинова со бронза.

По победите со по 3:0 над Лоренц Мартин од Чешка и над Борна Манојловиќ од Хрватска, Илиоски славеше со 3:0 и во финалето против Бугаринот Христо Калајџиев во дисциплината лоу-кик во категоријата до 86 килограми.

Ова е само почеток и сон на едно обично дете од Скопје, поточно од Лисиче, за кое ке слушне целиот свет. Да живее Македонија!“, порача новиот европски шампион.

Варадинова, пак, со бронза се закити во кик-лајт до 65 кг, откако во второто коло ја победи Иларија ди Чинтио од Италија со 2:1, а во полуфиналето загуби од подоцнежната шампионка Николет Мезеи од Унгарија со 3:0.

Интонирањето на македонската химна во чест на златниот медал на Илиоски е поместено 1:26,40 часа по почетокот од видеото, а доделувањето на бронзата на Варадинова по 1:04,40 ч.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.