Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, не успеа да се пласира во главната фаза на Фјучерсот од серијата 75 во италијанскиот град Бергамо, откако претрпе пораз во финалето од квалификациите од 35-годишниот Казахстанец Михаил Кукушкин со 2-1 во сетови.

Ивановски го реши првиот сет во своја корист со 6-3 во гемови, но му дозволи на противникот целосен резултатски пресврт во следните два сета (7-6, 6-4) и претрпе пораз по два часа и 30 минути игра.

Ивановски во дуелот имаше 20 асови, но искористи само три од 10-те брејк топки, додека ривалот реализираше три од седумте брејк шанси.

За пласманот во финалето од квалификациите Ивановски ќе освои два поени во бодувањето на АТП листата на која од оваа недела е на 305. место, со што го израмни својот најдобар ранкинг во кариерата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.