Селекторот на македонската машка одбојкарска репрезентација Јошко Миленкоски, со својот клуб ПАОК (освојувач на Купот од минатата сезона) стигна до трофејот во Суперкупот на Грција откако со 3:2 во сетови во финалето го совлада актуелниот шампион Олимпијакос.

Првиот сет им припадна на одбојкарите на ПАОК со 27:25, израмнија играчите на Олимпијакос добивајќи го вториот со 25:21.

Повторно водеше ПАОК откако во третиот сет беше подобар со 25:20, а Олимпијакос за нов егал на мечот откако во четвртиот славеше со 25:18.

Во решавачкиот петти сет тимот на Миленкоски триумфираше со 15:12.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.