Македонскиот одбојкарски селектор Јошко Миленкоски и следната сезона ќе биде тренер на грчки ПАОК.

Имав неколку понуди, размислив и одлучив да продолжам со ПАОК. Навивачите одлично ме прифатија, имам одлична соработка со сите во клубот, блиску сум до дома, а тоа се фактори коишто беа доволни за да го продолжам ангажманот во Грција, вели предводникот на најдобрите македонски одбојкари.

Претходно, Миленкоски предводеше седум клубови, а со четири од нив оствари пласман на завршниот турнир во Купот на ЦЕВ. Најтрофејниот македонски тренер беше селектор на Турција и ја предводеше до 11. место на Европското првенство во 2017, што значи дека претстојниот континетален собир на којшто коорганизатор е и Македонија, ќе биде негов втор настан од тоа рамниште.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.