Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Австралија опен, откако во полуфиналето го совлада Томи Пол со резултат 3:0 (7:5, 6:1, 6:2) по два часа и 22. минути игра.

Со многу моменти на нервоза и голем број неизнудени грешки, Ѓоковиќ без поголеми проблеми успеа да се носи со американскиот тенисер.

Србинот 10-ти пат во кариерата се пласираше во финалето на првиот Грен слем сезонава и ќе се бори против Стефанос Циципас за да го собори рекордот што го поседува и да ја освои 10-та титула на овој турнир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.